Села на Заев: За жалење си премиере…

По денешната изјава на Зоран Заев дека не размислува за оставка и запраша дали тоа премиер треба да биде Мицкоски а заменик Зијадин Села, реагираше лидерот на Алијансата на Албанците..

„ За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти.

Тешко е да ја разберете суштината на оставката, бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa и моралот, а не власта“, му порача Села на Заев на Фејсбук.