Договореното помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера не може да се реализира доколку коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива не даде виза за тоа, изјавија од колаицијата за Плусинфо .
Тие велат дека во прашање е доведена и утрешната средба помеѓу Заев и Зијадин Села и Африм Гаши, и можно е блокадата на Собранието да продолжи, односно и одложувањето на пописот да го затрупаат со илјадници амандмани, пренесува порталот.
„Воопшто не сме задоволни од фактот дека лидерите на македонските партии одлучуваат за политичките настани во државата без лидерите на партиите на Албанците. Државата не е еднонационална туку повеќеетничка и за битните државни одлуки треба да понесат одговорност и македонските и лидерите на Албанците.
Заклучоците од вчерашната средба помеѓу Заев и Мицкоски за нас се неприфатливи. Одложувањето на пописот е од политички, а не од здравствени причини. Не прифаќаме такви одлуки“, вели за Плусинфо Скендер Реџепи од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.