„Јас сум поборник на идејата дека Алијанса за Албанците треба сама да оди на избори. И понатаму сум на тој став’ изјави Зијадин Села, поранешниот лидер на Алијанса на Албанците и актуелен претседател на Централното собрание на партијата, синоќа за Алсат.

„Алијанса за Албанците ќе биде фактор преку кој промените имаат поента на политичката сцена во Македонија. Алијанса за Албанците ќе оди на избори за да победи. Сама?

Во моментов постои само една одлука на централното претседателство Алијанса за Албанците да оди сама на избори. Во оваа дебата некаде околу 90% од членовите на централното претседателство се согласуваат со оваа одлука која ја донесовме заедно“вели села..

Според него, овој став го дели и претседателот на партијата Арбен Таравари?

„Тој раководеше со седницата на централното претседателство и на средбите на централното претседателство, но и на заедничките средби го делиме истиот став, односно дека сами треба да одиме на избори“, изјави Села