Околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“.

Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло. Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан каде е околу 10 проценти.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, смета дека младите не треба да се задржуваат, туку треба да им се создадат можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот.

да ги идентификуваме заедно со вас точките преку кои ќе можеме да ја поттикнеме оваа дијаспора и протокот на знаење и експертиза. Се надевам дека денешната дискусија ќе донесе конкретни решенија и ќе поттикне нови активности во оваа насока, додаде амбасадорката на Швајцарија.

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Георг Вуцас, рече дека Австрија е поддржувач на Македонија и западнобалканската шесторка да се приклучи кон Европската Унија и оти Австрија би сакала овие преговори да завршат без одложување за земјава да се приклучи што поскоро кон ЕУ.

– Австрија и ЕУ сакаат да видат развиен Западен Балкан којшто се приклучува, не испразенто општество особено од нивната младина и висококвалификувана работна сила. Австрија не е главната дестинација на миграцијата од Македонија, но и покрај тоа има прилично голема миграција од оваа земја кон Австрија, истакна Вуцас и додаде дека Австрија нуди неколку програми и иницијативи коишто се насочени кон одвраќање на овој тренд на празнење на интелектуалната сила од државава.