Поранешниот градоначалник на Скопје во два мандатиу тврди дека актуелниот Петре Шилегов сега се согласува со идејата Скопје да добие Панорамско тркало и нов Луна парк, но за 18 милиони евра или 3 пати поскапо од претходниот

„Значи 18 милиони евра во споредба со 6 милиони евра колку што чинеше претходниот проект кој повеќе од половина беше завршен. Господинот Шилегов форсира проект кој е за 12 милиони евра поскап, односно да изнесувa 18 милиони евра.

…Да биде иронијата поголема СДСМ и господин Шилегов, кои фрлаа дрва и камења за ваквите проекти и истите ги нарекуваат непотребно и лудо трошење на народните пари, сега од позиција на власт тие нудат Луна Парк кој што е поскап за 12 милиони евра, а да биде уште почудно е што господинот Шилегов во тој Луна Парк ќе смести и панорамското тркало кое во кампањата секогаш го посочуваа како непотребно и екстремно скапа содржина во Градот Скопје.

…Ова е лицемерие на дело. Едно зборуваат пред избори, друго прават откако ќе дојдат на власт“ истакна Трајановски.