Радев наликува експонат од изложба на доцниот социјалистички реализам, како што е во модерната куќа на европската историја во Брисел.
Таму се изложени и бугарски пропагандни плакати од времето на Тодорживковизмо, кои предизвикуваат насмевки со својата лажност и помпезност, пишуа во остар коментар бугарскиот „Сега“. .
„Таму, недостасува портретот на генералот (Радев н.з.) кој одбива да признае дека дошло друго време.
Така Радев може да ја пополни празнината за сепак да најде место во Европа“, саркастично коментира авторот на анализата на „Сега“.
Коментарот доаѓа по „кобната средба“ , според „Сега“ со претседателот Зеленски на 6 јули во Софија, на која Радев бележеше, но не разбра дека Украина е жртва на агресивна војна, а не на конфликт или спор ….
„Срамот за него беше двоен, бидејќи како поранешен војник требаше да има јасна претстава за тоа што е војна. Со своето збунето однесување како комичар предизвика смеа во медиумите и социјалните мрежи, додека Зеленски, кој е поранешен комичар, покажа подобро разбирање на воената терминологија“ се вели во написот.
„Нашиот врховен командант (само во случај на војна, а се надеваме не е потребно) повеќе нема да учествува на состаноците на високо ниво на НАТО, бидејќи со својата несмасна проруска реторика изгуби слушатели меѓу сојузниците. Неговите напори да создаде втора надворешна политика на земјата, која ја оддалечи од нејзините сојузнички обврски и да ја стави во служба на „непријателска држава“ (како што самата Русија ја дефинираше Бугарија), бара тој итно да биде испратен до церемонијалниот суд.
Но „сега“ констатира дека проблемот на Бугарија не е само само Радев“ кој со законска процедура (импичмент) може да биде отстранет.
„Поголемииот проблем е што значителен дел од буигарското општеството е исполнет со омраза кон европскиот начин на живот, чија привлечност ни даде оптимизам за време на инаку несреќната транзиција од тоталитарниот во послободен систем.
Неодамнешното истражување на Евробарометар покажа парадоксални несовпаѓања меѓу европските и бугарските ставови. Бугарите се најблаги кон агресивното однесување на Русија и најмалку се солидаризираат со Украина. Колку и да се потпираат на евро средства, толку се скептични за еврото (освен кога го трошат).
Ова е плодна социјална средина за дивеењето на националистите и проруските патриоти и од екстремната десница и од левиот сектор.
Таму поддршка бара и Радев, кој нема да се предаде без борба. Со јасна свест дека паднал во меѓународна изолација, тој ја обвинува владата за слугување на странски држави (сојузниците на Бугарија во ЕУ и НАТО)…
