Седум мигранти откриени во Грција во камион управуван од Македонец

Полицијата во северна Грција соопшти дека открила седум мигранти, од кои четири деца, скриени во камион со мебел, чиј возач е од Македонија и наводно бил платен за да ги превезе од Турција до Германија.

Солунската полиција објави дека луѓето во камионот биле од Сирија и од Ирак, а возачот наводно добил по 1.500 евра за секој од седумте бегалци.

Камионот бил запрен денеска на локален пат во близина на Воден, а полицијата смета дека 41-годишниот возач од Македонија ги избегнувал главните патишта за да го намали ризикот да биде сопрен. Тој е уапсен под сомнение за трговија со луѓе.

Илјадници мигранти влегуваат во Грција секоја година, но малкумина се решаваат за долго патување од Турција до дестинации во Европа.