Седум бесценети археолошки локалитети под закана од лош менаџмент на Бехтел и Енка

Прифаќање на владиниот предлог инжињери а не археолози да одлучуваат за археолошките наоѓалишта на трасата на Коридорот 8 може да доведе до уништување на 7 вредни извори на артефакти.

Според експерти кои ги консултираше expres.mk дури 7 важни археолошки локалитети кои се наоѓаат на Коридор 8, а кои не се заштитени од Министерството за култура и управата за заштита можат да бидат трајно загубени или оштетени:

* Археолошки локалитет Требенишка Некропола, Горенци, 8-4 век п.н.е. (таму се откриени се познатите златни посмртни маски);

* Археолошки локалитет Требенишко Кале, Требеништа, антички период;

* Археолошки локалитет Зла страна,Горно Средоречје, неолит;

* Археолошки локалитет Кутлина, Велмеј, неолит до 6-ти век;

* Археолошки локалитет Сува Чешма, Три Челусти и Вртулка, Горенци,8-4 век.п.н.е.;

* Археолошки локалитет Черепец, Годивје;

* Пештера Јаорец, Велмеј, трага од првобитни заедници.