Се знае каде се дел од парите земени од Камчев

„Се работи интензивно на финансиската истрага.

Па, нешто знаеме, за нешто работиме“, одговори обвинителката Вилма Русковска на новинарско прашање дали се знае каде се парите кои во „луј витон“ чанта Боки 13 и Зоран Кичеец ги изнеле од кај Орце Камчев. Русковска не даде други детали.

Обвинителката рече дека Бојан Јовановски ќе биде викнат да даде исказ, кога ќе оцени дека треба.