Се враќа ли Бранко со нова партија во македонската политика?

Дали Бранко Црвенковски се враќа во политиката?! – Наводно екс лидерот на СДСМ кој 20 години беше на чело на партијата ќе формира нов политички субјект со незадоволни членови, пишува ТВ21 која е блиска на ДУИ.

Од СДСМ не потврдуваат ниту негираат такво нешто. Велат дека секој може да формира партија во едно демократско општество.

“Се појавија независни листи во неколку општини. Актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали има договор внатре во партијата,одговори одмерено.

„Различни сме од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање“, посочи Зоран Заев.

Дека СДСМ се соочува со политички потреси покажува и фактот што Радмила Шеќеринска по 8 години на функцијата потпретседател на СДСМ се повлекува од оваа висока функција и нема да се кандидира повторно за истата. Потоа настаните со директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски кого го разрешија од Владата на Заев. Незадоволство има и во општинските совети. Актуелни членови на СДСМ од Охрид, планираат да одат на следните локални избори со листи и независни кандидати. Од друга страна, долго време се зборува за недоразбирањата меѓу градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски со партиското раководство. Според одлуката на општинската конференција тој нема да биде дел од централниот одбор на СДСМ”, објави ТВ21.

Шпекулации за нова партија предводена од Црвенковски се појавија уште пред десетина дена но засега ниту тој ниту негови блиски луѓе не ги потврдуваат или демантираат ваквите гласини.