Во исти ден на две позиции, и ќе планира и ќе се занимава со човечки ресурси

Некои луѓе едноставно имаат повеќе среќа од другите. Некои не можат да најдат никкакво вработување, а други, пак, затоа, се вбработени на две позиции во иста државна институција, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во Генералниот секретаријат на Владата.
Таков е примерот со извесна Марија Стојановска, која на исти датум, односно на 1 декември 2022 година, е примена на две различни работни места во иста установа, односно Генералниот секретаријат на Владата, пишува Фактор.
Еден пример за “Реформа” во јавната администрација Едно исто лице (Марија Стојановска), на ист датум 1.12.2022, со одлука од иста Агенција за вработување е примена на две работни места во иста установа, односно Генерален секретаријат на Влада.
Фактор дошол до одлуката, од која јасно може да се види дека Марија Стојановска била примена на две позиции.
Во первиот случај станува збор за местото Помошник на раководител на Секторот за стратегија, планирање и следење, додека, пак, вториот пат на местото помошник раководител на Секторот за човечки ресурси.
Не е наведено колкава плата ќе зема новата вработена во владиниот Генеррален секретаријат.
Изворите кои ги испратиле овие документи, на шега велат дека во овој случај станува збор за пример за „нашата реформа во јавната администрација“.