Протестите кои се шират низ цела латинска Америка , од Венецуела на северот до Чиле на југ, веќе предизвикаа големи последици, некои ситуацијата на континентот веќе ја споредуваат со таканаречената „Арапска пролет“ , пишува Спутник.
Внатрешно, најголеми пресврти се чувствуваат во Боливија, која е на чекор до граѓанска војна.
На Чиле му се заканува воведување на некаков облик на воена администрација, слично како и на Еквадор, каде Ленин Морено успеа да купи неколку месеци прифаќајќи некои од барањата на демонстрантите, но ситуацијата е далеку од нормана.
Латентни тензии
се забележуваат во Парагвај и Перу, а до одреден степен и во Бразил по победата
во Болсонар, а Аргентина е политички поделена – сцената брзо се поларизира во
два непомирливи кампови по изборот на Алберт Фернандез за шеф на државата.
Најсложената е ситуацијата околу Венецуела каде самопрогласениот претседател,
Хуан Гуаидо е признат од голем број на држави како легитимен застапник на
интересите на Боливарската Република.
Според таканаречената „Доктрина на Монро“ документ од 1823 година, Латинска
Америка е прогласена за сфера на интерес на официјалниот Вашингтон за да се
спречат интервенциите на европските колонијални сили, пишува Спутник.
Нема држава во овој дел од светот каде што не била извршена или немало обид за интервенција
од САД.