Се случува ли бунт во ЕУ против раздвојувањето на Македонија и Албанија?

Министерот за надворешни работи на Словачка Иван Корчак со јавен протест против најавата на еврокомесарот за проширување на ЕУ за раздвојување на Македонија и Албанија при што земјава поради бугарското вето нема да започне преговори за членство.

“Кредибилната политика за проширување на ЕУ сега се однесува на напуштање на ветото во Советот, кој треба да го признае напредокот направен од Македонија и Албанија. Отворање на меѓувладината конференција со двете земји одамна е задоцнето”, пишува Корчак во официјалното соопштение.

Денеска слични тонови доаѓаат и од Берлин од каде одговорниот за ЕУ во германското министерство за надворешни работи Михаел Рот реагира на изјавата на комесарот за проширување Вархеи за можно раздвојување на Македонија и Албанија ако не се најде решение меѓу Скопје и Софија.

Ново одложување на преговорите за Македонија може да донесе нестабилност во регионот, антиципира високиот германски функционер.

Двајцата високи претставници на Германија и Словачка во своите изјави воопшто не ја споменуваат Бугарија која е пречката за македонскиот почеток на преговори со ЕУ.