Се предаде поранешен телохранител на Мијалков

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Драганчо Стоименов се предаде во Основното јавно обвинителство во Кочани по речиси три месеци бегство.

Стоименов (40) од средината на Јануари бепше во бегство, откако во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани пукаше во 33 годишниот Драган Здравев од Кочани.

Обвинителството по настанот му поднесе кривична пријава за обид за убиство, а Здравев тогаш со тешки повреди заврши во Клиничкиот центар во Скопје.

Стоименов на македонската јавност е познат и како клучен сведок во случајот Детонатор, а во кој за рекетарство, перење на пари, поставување на бомби и покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница.