Трупите испратени да помогнат во стабилизирањето на состојбата во Казахстан, поради немирите кои беа предизвикани од зголемените цени на горивото, се повлекуваат.
„Единиците на мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ги исполнија поставените задачи и почнаа да подготвуваат воена и техничка опрема за натоварување во авионите на руското воено воздухопловство со цел да се вратат во постојаната база“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во кој спаѓаат Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија и Таџикистан – објавија дека повлекувањето на 2.000 војници треба да трае околу 10 дена.
