Се појави видео како украински војници убиваат руски заробеници

Видео објавено во понеделникот, прикажува група украински војници како убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.

Њујорк тајмс“ ја потврди автентичноста на снимката направена во градот Дмитровка во близината на Киев

„Сè уште е жив. Пукајте во овие окупатори. Видете, тој е сè уште жив. Едвај дише“, вели маж додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена над главата. Русинот очигледно е ранет, но се уште дише.

Војникот потоа пука во човекот, кој продолжува да се движи, а војникот потоа повторно пука во него. Тогаш човекот престанува да се движи…