Можни инциденти и насилство на одбележувањето на роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев е една од темите која се анализираше во вчерашното издание на емисијата ,,Заспиј ако можеш” со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.
Во емисијата гостин беше адвокатот Тони Менкиноски кој освен за пријавата од МВР за истакнување на големо знаме со сонцето од Кутлеш на Водици во Охрид зборуваше за можен инцидент во Скопје на 4 Февруари на роденденот на Делчев.
Засега неофицијалните информации, беше кажано во емисијата, се дека бугарски елементи ќе се обидат да предизвикаат насилство во црквата Свети Спас каде што почиваат коските на Делчев и со тоа да иницираат напад врз ,,гостите” од Бугарија кои веќе најавија дека ќе дојдат да го слават ,,бугарскиот херој”.
Целта на насилството според најавите е да се потврди оценката на бугарскиот шеф на дипломатијата Милков кој пред два дена рече дека во Македонија се враќа време на насилство, што Бугарија сака да го искористи пред ЕУ за да докаже дека Македонија е виновна за наводен притисок врз Бугарите.
Менкиноски според кого официјална Софија е под силен притисок од Советот на Европа да ги признае Македонците, во емисијата ги повикува македонските власти и служби за безбедност да не дозволат да се случат инциденти на гробот на Гоце Делчев.
Според него целта на испровоцираното насилство во Скопје може да биде искористено како во случајот 27 Април повторно да бидат уапсени многу луѓе по што полесно би се донесле уставните измени за влез на Бугарите во уставот.
Во тој контекст се споменува и претседателот Пендаровски кој бара забрана за влез на бугарски радикали пред роденденот на Делчев.
Пендаровски кој вчера го свика Советот за безбедност, најверојатно као одговорен за Агенцијата за разузнавање има информации за планови на групи од Буграија за предизвикување на инциденти во Скопје со помош на 75 регрутирани лица меѓу нив и агенти провокатори кои треба да направат насилство во Скопје по што Македонците треба да бидат осудени дека се насилници.
Целата емисија во продолжение