Поранешниот премиер Зоран Заев и екс-министерот за здравство Венко Филипче, синоќа беа гости на свадбата на бившата министерка за финансии Нина Ангеловска.
Свадбата Нина и нејзиниот сопруг Виктор Станков ја направија во познат скопски хотел со гости од јавниот и политичкиот живот.
Парот се венчал во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини и пријатели пред црквата.
Во 2019 година Нина стана министер за финансии и беше еден од најмладите македонски министри за финансии.
