Денеска е најавено дека Владата ќе донесе одлука со која ќе се одмрзнат „замрзнатите“ цени на дел од овошјето и зелечнукот, но по корекцијата ниеден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм, уверуваше вчера министерот за економија Крешник Бектеши,
Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела.
„…никако нема да има цени како сега или пред 10 дена, од 130 до 150 денари. Ниту еден од производите кои беа наведени во одлуката за замрзнување на цените нема да има повисока цена од 100 денари за килограм“ изјави министерот вчера.
„Корекцијата ќе биде процентуална во зависност од зголемените трошоци за увоз прикажани во Царината од 28 март до денеска. Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално ќе се намали цената на тој производ, а ако е истата, ќе остане иста цената“, објасни Бектеши по средбата со увозниците во петокот.
Со Одлука на Владата од 5 април беа замрзнати цените на 11 видови овошје и зеленчук.