Прашањето од насловот на овој текст го поставува екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи кој ги анализира последните релации на линија СДСМ – ДУИ – БЕСА и други односи на политичката сцена.
Впечатокот што го има Зеколи е дека премиерот и лидер на СДСМ се обидува да го исфрли Шилегов од трката за втор мандат во Скопје.
“Дали ми се чини или Заев се обидува да се ослободи од Шилегов во Скопје?”, пишува Зеколи кој важи за одлично информиран за политичките актери и процеси во Македонија.
Зеколи не дава детали на што го темели неговиот впечаток.