Во земјава недостигаат вкупно 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за капацитетитена итната медицинска помош.

Најмногу тимови, 18 недостигаат во Скопје, додека Битола има четири повеќе од минимум потребните. Дури половина од 33-те здравствени центри имаат помалку тимови од потребните.

Воедно од истражувањето утврдуваат дека во моментов во земјава вкупно има 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува, пренесува Нова Македонија.

Така во однос на 2015 година, кога е донесена последната уредба со која се предвидува минималниот број тимови што треба да го има секој здравствен центар, бројот на тимови за итна помош е намален за 22.

Во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации е утврдено дека еден тим на итна помош некаде покрива 1.000, а во други градови (Струмицас и Тетово) и до 40.000 жители дневно…