Се множат противниците на законот за амнестија

Од партијата ДОМ за Алфа велат дека е точно дека треба да се релаксираат затворите, но тоа не треба да се први со ваков закон, со кој се практикува неказнивост и поради тоа партијата на Морачанин нема да гласа за законот за амнестија.

Од ЛДП засега се воздржани, но велат дека во принцип тие не почитуваат неказнивост, но сепак главната одлука за дали нивната партија ќе гласа „за“ во Собранието ќе ја донесат партиски органи, вели лидерката Зајкова.

Довчарашниот коалиционен партнер, кој пред 8 месеци го напушти политичкиот брак со СДСМ, Демократски сојуз на Павле Трајанов нема да го поддржи законот, истиот го критикува и убедува дека ќе поднесат голем број на амандамни и истиот воопшто нема да помине.

Од здружената албанска опозиција – БЕСА, Алтернатива и партијата на Меџити – велат дека законот служел за политичко профитирање пред избори и политичка пропаганда.

Од албанскиот опозициски блок соопштија дека дека Предлог-законот за амнестија бил направен од политички интереси на одредени кругови во власта.Според нивни сознанија одредени политичари, пратеници и министри се спротивставуваат на предлог на законот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ опостојува на ставот, дека не го поддржуваат законот за аменстија.

Порпаролот на паријата Стоилковски, рече дека законот предлага неспоредно пред избори, за на слобода да излезат како што вели криминалци. Најави дека законот ќе го блокираат.

Предлог-законот за амнестија пристигна во Собранието и веќе е доставен до пратениците од страна на собранискиот спикер, Талат Џафери. Владата предлага тој да се носи по скратена постапка.