„Треба да се земе предвид и да се искористи фактот што ЕУ во иднина ќе биде на маса со нас и Бугарија, дури и за билатерални прашања, преку преговарачкиот процес.

Ова го вели екс-премерот Зоран Заев на годинешната конференција на Економист што се одржува во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

За „францускиот предлог вели дека “„Секако, предлогот не е најдобриот, но, ние сме Балкан. Треба да го искористиме моментумот, имајќи на ум дека најважните прашања за нас, нашиот идентитет, Македонци од Северна Македонија и нашиот македонски јазик се ставени во преговарачката рамка, јасно, како и сите други јазици и ќе стане иден официјален јазик на Европската унија“, рече Заев и ддаде дека „треба да се земе предвид и да се искористи фактот што „ЕУ во иднина ќе биде на маса со нас и Бугарија, дури и за билатерални прашања, преку преговарачкиот процес”.