Се изигра оро, а автопатот го нема, следниот е најавен без тендер

Актуелната владејачка гарнитура, пред доаѓањето на власт ветуваше илјада километри автопат низ Македонија, а за пет години владеење успеа во април 2018-та да одигра само еден чочек, по некое оро и тоа за делница од автопатот што беше готова пред да дојдат на власт. Станува збор за делницата од автопатот Демир Капија – Гевгелија и „историскиот чочек“ кај тунелот.

Автопатот Кичево-Охрид е четири ипол години под оваа власт, и ни на повидок не е готов, а сега се најавува дека ќе се гради до крајот на 2023, најавени три нови автопатски делници. Слично слушавме и за клиничкиата болница во Штип која, според власта, требаше да биде готова до крајот на 2019-та, што не се случи, а лани фирмата што требаше да гради објави стечај.

И за годинава се најавува интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проект на две влади, а за кој рокот за завршување повторно се пролонгира, овој пат за нови две години.

Линк до целиот текст.