Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денес напладне по локално време, односно 18 по средноевропско време.
Тоа ќе биде прва церемонија во поновата историја на која нема да присуствуваат претседателот во заминување Доналд Трамп и првата дама.
Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите држави на 59-та церемонија на инаугурацијата…
Наместо вообичаеното присуство на граѓани, поради ковид и безбедносните мерки се опставени стотина илјади знамиња…