Се демонтира мобилната болница зад „Инфективна“

Мобилната болница поставена од АРМ, се демонтира иако ниту еден пациент заболен од коронавирус не беше сместен во неа во изминативе два месеци.

Мобилната болница, донација од Норвешка во 2012година, беше поставена кон крајот на март, со капацитет од 130 пациенти и беше поврзана со сув ходник со Инфективната клиника, но никогаш не прими пациент, бидејќи бројот на заразени кои се лекуваа болнички не го надмина бројот на леглата во Инфективната клиника и ковид центарот во „8-ми Септември“, пренесе „Телма“.