Се чекаат 8 компании да инвестираат во Македонија

„За 10 месеци потпишавме 10 договори со странски инвеститори, а дополнителни осум компании донесоа одлука преговарачките тимови за инвестирање во Македонија и ја чекаат потврдата од матичните компании да ги овластат за да ги потпишеме, изјави премиерот Зоран Заев во денешното интервју за Радио слободна Европа.

Тој рече дека се преговара со 200 компании.

„И веројатно тоа не е само наш успех, тоа е нешто што почнала и претходната Влада, но ние тоа го надоградивме и тоа расте“, истакнува Заев во интервјуто во кое уште вели дека доколку се реализираат 65 до 70 проценти од најавените капитални инвестици, ќе биде достижен и проектираниот раст од 3.2 проценти за оваа година.