Се бара враќање на онлајн наставата по порастот на бројот на заразени од корона

Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, непочитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смртна опасност голем број на семејства, порачаа денеска од Движењето „Поддршка за онлајн настава”.



Ана Глигорова, претставник на движењето вели дека „ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства“

Глигорова апелираше до министерите за здравство и за образование и наука, како и до Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата нивното барање да се реализира.

„Ако со делтата и со првиот вухански сој се заразуваа еден, двајца, во овој случај се заразуваат буквално сите“, рече Глигорова.