Насловот на овој текст јасно укажува на проблемот во евиденцијата на Град Скопје од каде бараат мртва баба да плати данок на имот за стан кој го продала пред 3 децении односно 10 години пред да почине.
Во исто време се испраќа апел до извесна Габриела од Град Скопје да се јави на телефон.
Во твитот не се споменува градоначалничката Данела Арсовска која ако сака може да помогне во случајов од кој е засегнат граѓанин.
Здраво @CityofSkopje
Праќате решение за данок на имот на име Тина М. (баба ми, почината пред 20 г.) за стан на ул. Пушкинова (продаден пред 30 г.).
Ве молам пратете ми контакт од Вашиот сектор за реинкарнација како би можела Тина да воскресне и уплати.
Со почит,@igormengel— Менгел (@igormengel) March 29, 2023