Во видеото во чест на јубилејот 31 година од формирањето СДСМ користи проект кој над 95 насто го планираше и спроведе ВМРО-ДПМНЕ.

Во видеото СДСМ сака да го прикаже автопатот Демир Капија – Смоквица како нивни успех иако проектот беше речиси готов кога во јуни 2017 година оваа партија дојде на власт.

Отварањето на автопатот што се случи една година подоцна беше запаметено по настанот организиран од СДСМ на кој беа повикани трубачи а членови на СДСМ играа чочек и оро.

Целото видео за јубилејот на СДСМ каде партијата се фали со проект кој речиси целосно беше спроведен од ВМРО-ДПМНЕ.

Автопатот почна да се гради во 2012 година со европски пари и до средината на 2017 година Кога СДСМ дојде на власт беа завршени најголем дел од градежните зафати.