СДСМ: Владата води вистинска грижа за здравјето на граѓаните

Процесот на масовна имунизација против коронавирусот се спроведува со одлична динамика и темпото на вакцинација во државата расте од ден во ден, системот функционира беспрекорно и без потешкотии, се вели во соопштение на владеачката партија од каде велат дека масовната имунизација освен во Скопје, се одвива и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрид, Штип и Куманово, а во наредните денови се очекува отворањето на вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп.

“Над 119.000 граѓани се вакцинирани досега во нашата држава. Од нив 21.890 граѓани примиле две дози вакцина против коронавирус. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, односно 256.346 граѓани се пријавиле за вакцинација.

Податоците дека за само еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани и дека над 30% од повозрасните граѓани, односно над 70 години примиле барем една доза, а од ден на ден оваа бројка интензивно расте, се доказ дека процесот на масовна имунизација се спроведува одлично”, се вели меѓу другото во соопштението во кое се додава дека вадата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и нивното здравје.

Наспроти ваквиот став на СДСМ, на тракерот за бројот на вакцини по земји на весникот Фајненшел тајмс Македонија е само пред Босна и Херцеговина, Косово, Белорусија и Украина од сите земји во Европа.

Околу нас на листата се земји кои не се познати како богати, успешни и напредни.

https://ig.ft.com/coronavirus-vaccine-tracker/?areas=gbr&areas=isr&areas=usa&areas=eue&cumulative=1&populationAdjusted=1