Во соопштение за јавноста СДСМ тврди дека парламентарните избори ќе се одржат во 2024 година и на тие избори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе загуби.

Од Бихаќка велат дека Мицкоски се плаши од редовни избори но не кажуваат кој се плаши од предвремени избори.

ВМРО-ДПМНЕ постојано бара предвремени избори кои СДСМ ги одбива.

,,Редовни избори во 2024 година е она што го плаши Христијан Мицкоски. Знае дека го чека пораз.

Што сака Мицкоски да сокрие?

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување за граѓаните, за шест месеци не сработеа ништо, немаат ниту еден свој реализиран проект, тоа се најслабите градоначалници досега”, пишуваат од СДСМ од каде тврдат дека постои незадоволство во ВМРО-ДПМНЕ а дека менаџирењето на Владата предводена од СДСМ со најголемата економска и енергетска криза по Втората светка војна дава успешен резултат и се штити стандардот на граѓаните.