Со СДСМ и во време на криза македонската економија останува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, кои отвораат нови работни места, се вели во соопштението на владеачката партија која како аргумент за своето тврдење ја дава сомнителната фабрика за електрични автомобили на приватни газди во која владата ќе вложи дури 130 милиони евра народни пари.

,,Во Република Македонија ќе се произведуваат електрични возила. Владата веќе даде согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија.
Фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.

Ова значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили”, се вели во соопштението на СДСМ од каде уверуваат дека оваа инвестиција е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ.

Авомагазинот Автомедиа.мк пред два дена објави анализа колку е контроверзна инвестицијата на владата и како истиот проект за кој ќе се дадат 130 милиони евра од граѓаните а кој е технолошки застарен, предходно пропаѓал десетина пати.

Автомагазин открива пеколен план зад 130 милиони владини евра за фабрика за возила