Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, на прес-конференција изјави дека во делот на изборите, како политичка партија имаат јасен став дека изборите ќе бидат редовни и ќе се случат во 2024 година.

-Тие ќе бидат редовни парламентарни избори, а сега како одговорна политичка партија којашто работи за интересите на граѓаните силно сме фокусирани за решавање и намалување на последиците којшто доаѓаат и од енергетската криза и од здравствената криза и сето тоа е важно и граѓаните да го знаат дека сме силно насочени кон решавањето и помагањето од последиците коишто доаѓаат од овие кризи – изјави Каевски.

Тој им порачува граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, знаеле дека имаат партнер, политичка партија којашто ја предводи власта, и која, како што рече, силно ги решава и се грижи за проблемите на граѓаните.