СДСМ со провокација за Бугарите, соработник на Заев тврди дека биле фашисти (ФОТО)

Еден од главните пропагандисти на СДСМ и на екипата на екс премиерот Заев јавно ја провоцира Бугарија иако неговите шефови предходно наредија да не се споменува фашистичкото минато на источниот сосед во јавниот дискурс.

Влатко Васиљ кој е еден од најгласните бранители на политиките на СДСМ во коментар во кој сака да ја навреди професорката Ганка Цветанова на социјалните мрежи тврди дека Бугарските окупациски сили во Македонија во втората светска војна биле фашисти.

Историски и научно Васиљ е во право, Бугарија во втората светска војна е дел од фашистичката коалиција предводена од Хитлер.

Проблемот е во тоа што шефот на Васиљ, Зоран Заев најпрвин нареди од споменик на жртвите на фашистите во Струмица да се избрише фактот дека тие биле Бугари а потоа на барање на Борисов нареди да не се зборува дека Бугарија е фашистичка земја во втората светска војна.

Со своето тврдење Васиљ оди директно против својот шеф и позиции на неговата партија СДСМ.

Засега нема реакција од официјална Софија за провокацијата од функционерот на СДСМ.