СДСМ со честитка за 1 Мај: Платите растат, спасивме 100 илјади работни места

Во првомајската честитка од генералниот секретар на владеачката СДСМ Љупчо Николовски се вели дека власта постигнала големи успеси дури и во корона кризата.

Во честитката не се споменуваат десетиците илјади луѓе што останаа без работа ниту стотиците милиони евра заеми на владата кои не стигнаа до тие на кои им се најпотребни.

Човекот што замина на продолжен викенд во еден од најскапите градови во светот Дубаи тврди дека работ иците земаат повисоки плати.

“Платите растат во сите сектори, истовремено го подигнавме нивото на социјалниот дијалог со синдикатите, работниците и стопанствениците.

Во време на светска здравствена и економска криза преку навремени и ефикасни мерки и политики спасивме стотици илјади работни места”, пишува вицепремиерот и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Цело соопштение

https://sdsm.org.mk/soopstenija/24482