СДСМ си игра мајтап со македонскиот јазик а зборува за негова заштита (ФОТО)

МАКЕДОПНСКИ, ИМПЕЛМЕНТИРА И РАМК се трите засега непознати зборови кои СДСМ ги користи во свое соопштение во кое се фали дека го штити македонскиот јазик и идентитет.

Во само една реченица пропагандата на СДСМ прави три јазични грешки со што покажува колку навистина се грижи за македонскиот јазик и култура.

,,Овие обвинувања кои ги прави опозицијата, ги прави чисто за да држат тема против ваков голем проект бидејќи другите теми веќе и не можат да ги држат. Како кога некој пред една година велеше дека македонскиот јазик немало да биде официјален во ЕУ а се потврди со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС дека имаме македопнски јазик без додавки, фусноти и никакви појаснувања. ФРОНТЕКС вчера почна да се импелментира. Натаму веќе не можат да зборуват. Па зборуваа за асимилација и бугаризација на Македонците со прифаќањето на преговарачката рамк. И таа тема веќе не можат да ја зборуват бидејќи ние преговараме како Македонци со свој идентитет и култура, потенцира Ковачевски”, стои во соопштението на СДСМ кое го напишал некој не многу писмен во штабот на партијата.

Во соопштенијата на СДСМ каде очигледно нема лектор ниту човек кој ги знае основите на македонскиот јазик не е прв пат да има вакви грешки што ги иритираат граѓаните.

Вчера СДСМ имаше грешка и во наслов на свое соопштение каде работниците станаа нешто друго.