СДСМ ја намали невработеноста на младите на 29 отсто ВМРО-ДПМНЕ ја држеше на 42 отсто, тврди партијата на власт во своето најново соопштение.

“Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за лично богатење”, пишува во соопштението на СДСМ.

Заклучете сами се вели во хаштагот на Твитер.

Партијата не открива каде се вработени младите ниту колку од нив заминале во странство и со тоа ја намалиле невработеноста.