Пратеничката на СДСМ Марија Ангелова на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани нагласи дека СДСМ докажа дека е партија којашто делува слушајќи го гласот на граѓаните, заедно со граѓаните креира мерки и политики што гарантираат развој и напредок.
“Така и ќе продолжиме, вашиот глас ќе биде слушнат и уважен, во претстојниот период, во програмата за локалните избори, ќе влезе она што е најдобро за граѓаните, доаѓаат уште подобри денови за нашата општина” , порача Ангелова која се осврна на минатата година, “полна со тешки предизвици за Владата и за секој граѓанин”, додавајќи дека и во услови на пандемија донесле 6 пакета мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, со кои се сочувале над 100 000 работни места, по разни дополнителни основи а било помогнато на над 400 000 граѓани и над 35 000 компании.
“И покрај борбата со пандемијата од една страна и последиците на претходниот режим од друга страна, ние сепак постигнавме резултати за кои со гордост може да зборуваме” , истакна Ангелова на трибината.