За премиерот Димитар Ковачевски не е е ништо спорно Македонија да добие премиер Албанец, бидејќи тоа било дел од коалицискиот договор меѓу Заерв и Ахмети, а , како што вели, СДСМ е партија која почитува договори.

Премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да ја коментира кампањата „Да, тој доаѓа“ и рече дека во однос на премиер Албанец “тоа не е ништо ново“.

Ковачевски постети дека тоа беше објавено на прес-конференција во 2020 година по изборите кога присуствуваа Зоран Заев и Али Ахмети.

„Тие се достапни на снимки, при што се формира Влада во 2020 година по изборите на кои победи СДСМ и со ДУИ формира Влада. Така ќе биде и во 2024 година кога СДСМ ќе победи и ќе формира влада со коалициските партнери.

СДСМ ги почитува коалициските договори.

Ова во однос на премиер кој ќе врши техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, во последните 100 дена, и уверени сме дека на изборите, кои ќе се одржат в година, ние ќе ја добиеме поддршката и повторно премиерот ќе биде од редот на СДСМ по изборите во 2024 година“, рече Ковачевски.

Тој ги овбини ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека прават „националистичка психодрама“, која народот не ја сака.

„Воедно, интерните кампањи што ги прави ДУИ не би ги коментирал бидејќи тие се во процес на своја внатрешна кампања од која излегуваат креативни слогани и дека е дел од нивната интерна политичка кампања, а не во однос на процесите на функционирањето на Владата во целина“, рече Ковачевски.