СДСМ: Од 2016 година просечната пензија е покачена за 40%

Ова го тврди Љатифе Шиковска пратеничка од редовите на СДСМ според која последната година „на режимот“ просечната пензија изнесувала 13.754 денари, а денес во 2023 година таа изнесува 19.106 денари.

Откако е донесена оваа методологија пензиите за само 18 месеци од јануари 2022 до септември оваа 2023 година, ќе се зголемат за 26 отсто односно за повеќе од една четвртина.


Во време на најголема светска економска криза, во два наврати им помогнавме на пензионерите.

Прво сите пензионери во најкризните месеци, март, април и мај 2022 година добија по 1.000 денари додадок на пензија, а потоа во времетрање од четири месеци има беше помогнато на пензионерите со најниски пензии со дополнителна финансиска помош од 750, односно 1.500 денари.

СДСМ изгради системско решение за фер и праведно зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери.

Никогаш повеќе зголемувањето на пензиите нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци.

Никој не треба и не смее да манипулира со пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот, а ние како Влада и парламентарно мнозинство тоа им го овозможуваме“ порачува пратеничката контра се позачестените протести на пензионерите кои бараат поправична пензија која ќе им обебеди малку повеќе од преживување од први до први.