СДСМ вчера објави две слики на кои премиерот Димитар Ковачевски на јавно место и врти грб на лидерката на ЛДП Моника Зајкова.
Невообичаено за политичка партија е да објави фотографија од коалиционен партнер на која се гледа дека премиерот врти грб на лидерка на коалиоционен партнер.
Меѓу објавените фотографии има дури две на кои крајно недипломатски Ковачевски и врти грб на Зајкова.
Од фотографиите се гледа дека Ковачевски и Зајкова на прославата на СДСМ во Александар Палас стојат блиску, но на фотографиите премиерот и врти грб на својата коалиција партнерка.
Предходно Ковачевски пред еден месец го нападна и претходникот и екс лидер на ЛДП Горан Милевски кој според премиерот се среќавал во сомнителни личности при што беше споменувана и француската амбасада.
Објава на две фотографии на кои Ковачевски и врти грб на Зајкова е втор удар врз ЛДП од страна на Ковачевски за краток период.