СДСМ најави „војна“ со лажните вести, говoрот на омраза…

СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, „ Стоп за дезинформациите” е еден од 10 приоритети во стратешката владина рамка “Акција 21” – за европски стандарди дома.

„Во рамки на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата, во периодот пред нас, ќе има засилени активности, широки консултации со медиумските работници и со граѓанскиот сектор, и уште посериозна, поинтенивна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и сите други форми на хибридни закани против демократијата.

Со овој План изработен е и протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, којшто за време на ковид кризата изминатата година, значително придонесе во сузбивањето на лажните вести кои во огромен број беа пласирани преку медиуми со сомнително финансирање и блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска како што пренесе Макфакс.