Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра.

Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија, соопшттија од владејачката СДСМ.

„Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на економски пресврт и нова надеж. Еден од инструментите за остварување на таа цел е буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики.

Со буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија“, информирше Дарко Каевски од СДСМ.

Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од 2,3 отсто, додаваат од партијата.