Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која пред неколку дена скандалозно побара уметниците да не ја третираат историјата туку да творат дела што ќе го забавуваат народот има проблем со македонскиот јазик.

Таа според текст објавен на 24 јули на веб страната на СДСМ не знае дали Македонци се пишува со голема или мала буква.

,,И нашиот јазик, и нашата музика, и нашите слики, и нашите книги, и нашите ора, и нашите куќи и нашата кујна – сè е идентитет. И тоа што сме македонци е идентитет, идентитет кој го наследуваме, а од нас зависи дали ќе го надоградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме по потреба низ уста. Идентитет е и домашното воспитание”, пишува министерката користејќи мала буква за Македонци.

Само Костадиновска Стојчевска знае какво е чувството да не знаеш како се пишува Македонци а да пишуваш за идентитет.

Линк до текстот

https://sdsm.org.mk/intervjua/48109