СДСМ: И за аерозагадувањето виновно ВМРО-ДПМНЕ

Во своето денешно соопштение СДСМ вели дека сите институции работат на решавање на проблемот со аерозагадувањето но дека виновник за состојбата е ВМРО-ДПМНЕ:

Проблемот со загадувањето на воздухот 11 години беше целосно игнориран од власта на ВМРО-ДПМНЕ која не презеде ништо, затоа што мислеше како на криминален начин да приграби што повеќе пари од граѓаните.

Зголемувањето на загадувањето на воздухот во овие 11 години е резултат токму на такво криминално однесување, не водејќи никаква грижа за здравјето на граѓаните

По 11 години игнорирање на проблемот со загадувањето, по 11 години системско загрозување на животната средина и зеленилото, денес конечно се преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето, се обновуваат и подигаат нови зелени површини, се делува на заштита на животната средина.

Низ целата држава, континуирано се расчистуваат диви депонии, се расчистуваат коритата на реките и каналите од кал, ѓубре и цврст отпад. Само на Тероторија на Град Скопје годинава се расчистени над 350 диви депонии.

За последните шест месеци подигнати се нови и реконструирани се зелени површини од над 50.000 квадратни мерти на територија на Град Скопје, а започна е и сериозна акција за засадување на 50.000 висококвалитетни багремови садници околу РЕК Битола.

Заслиен е инспекцискиот надзор, се лоцирааат и санкционираат загадувачите на животна средина.

Се преземаат мерки и против загадувањето предизвикано од домаќинствата кои се греат на нееколошки материјали или горива.

Во рамки на Планот за чист воздух, на 800 семејства во Скопје, на 150 во Битола, на 150 во Тетово, ќе им се доделат
инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки.

Се презема акција за замена на нееколошките енергенси за училиштата.

Се набавуваат нови еколошки автобуси, инвестиција вредна 12 милиони евра.

Предвидено е субвенционирање на трошоците за набавка на хибридни и електрични возила, како и трошоците за вградување на погон на ТНГ во возилата со цел да се намали загадувањето од сообраќајот.

Уште серија на други мерки се преземаат во една здружена активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздху. 
Свесни сме дека претстои уште многу работа, дека проблемот нема преку ноќ да се реши, но сериозно и посветено се работи за намалување на загаденоста на воздухот, се вели во соопштението на владеачката партија.