СДСМ, ДУИ и претседателот Пендровски не ги демантираат информациите на повеќе медиуми дека се случила средба на која највисоките луѓе во власта се договориле да побараат помош од Никола Груевски за уставните измени.
Со молкот тие признаваат дека власта се обидела да го подели ВМРО-ДПМНЕ но во исто време и да почне војна со американскиот Стејт Департмент.
Човекот за кој се пишува дека требало да биде искористен за уставни измени и раскол во ВМРО-ДПМНЕ е Никола Груевски кој заедно со својот братучед Сашо Мијалков веќе трета година е на црната листа на САД кој се смета за дестабилизирачки фактор но тоа не било пречка СДСМ и ДУИ да го комуницираат со цел да остварат партиски интереси.
Обидот на власта завршува неуспешно но останува фактот дека Ковачевски, Ахмети, Груби, Османи и Пендровски сакале да соработуваат со човек кој за САД е корумпиран.
,,Уште пред да поминат измените на КЗ, функционери на ДУИ брифираа дека Ахмети ги уверувал оти води сериозни преговори со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека работи на враќање на Груевски”, објави неделникот „Фокус“ на 16.09.2023 по што немаше демант нити од ДУИ ниту од владата.
Предходно на претседателот Стево Пендаровски му било предлагано да го помилува Груевски во делата каде е осуден, но тој одбил таква опција. Кој е човекот што предложил да се амнестира човек од Црната листа на САД Пендровски не откри но извесно е дека е некој од врвот на власта на СДСМ и ДУИ.
Потоа, според информации на Фокус, лидерот на ДУИ Али Ахмети разработил и почна да спроведува план за спас на Груевски, во замена за помош за уставни измени, но и за правење на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.
Неофицијално, Груевски веќе имал еден обид да опипа пулс кај вмровските пратеници за уставни измени, но тој поминал неуспешно. Едноставно, никој не сака да прави егзибиции во време кога ја гледа власта на дофат.
За потсетување, неделникот „Фокус“ кон крајот на ланската 2022 година објави сторија со наслов „Дали власта ќе го врати Груевски во земјава, ако одработи за уставни измени?“ според која се активирале и комуникациски канали со Груевски, кој бил тестиран од власта и странците дали е расположен да помогне за уставните измени, доколку му обезбедат терен да се врати како слободен граѓанин, со одредени концесии во судските процеси.
Високи партиски извори уште тогаш информирале дека во посета на Груевски во Будимпешта бил пратеник од редовите на ДУИ и воедно бизнисмен.
Една од темите на разговор била носењето урбанистички план во рамки на Општина Карпош, но станало збор и за политичките процеси, вклучително и за уставните измени.
Освен Груевски кој по објавувањето на текстот во „Фокус“, демантирала ниту еден друг владин претставник не ги демантирала сите наведени инфорамции со што практично се признава дека власта соработувала со човек кој според официјален Вашингтон е закана за регионалната безбедност поради корупција.
Дали за тоа власта имала некаков вид дозвола од амбасадата на САД во земјава или се работи за отворена војна со Стејт департментот засега нема официјална информација.