Нема конфликт меѓу СДСМ и ДУИ за одговорноста во трагедијата во Тетовскиот Ковид центар, тврди висок функционер на власта кој вели дека опозицијата сака да прикаже дека владината коалиција е во кавга за да спечали гласови на локалните избори.

Тој ги негира извештаите за кавга меѓу Мала Речица и Бихаќка со тврдење дека јавноста и медиумите погрешно ги разбрале медиумските извештаи и изјави на функционери на власта кои според него немале намера да ја префрлаат вината на партнерите во владата туку да помогнат да се најдат решенија за слични проблеми во иднина.

Од друга страна повеќе извори во ДУИ и СДСМ тврдат дека уште вчера вечер дошло до комуникација меѓу високи членови на СДСМ и ДУИ со цел да запре медиумската војна која донесе обвинувања за партнерите во владеачката коалиција.

Според изворите во коалицијата има еколку сценарија за запирање на војната за тоа кој ќе биде одгорворен за тетовската трагедија.

Едното сценарио предвидува средба меѓу високи партиски претставници со цел да се најдат жртви – доброволци на пониско ниво кои треба да ја преземат одговорноста со што владата ќе продолжи да функционира како досега.

Второто сценарио е наскоро да има средба на највисоко ниво меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ Ахмети и Заев за да се договорат кој од владините министри би заминал од владата со цел да се намалат штетните последици ок имиџот на владата.

Едно потсценарио за кое повеќе е СДСМ е темата одговорност да се одложи за по изборите на што се противи едно од крилата во ДУИ од каде проценуваат дека ваква разврска без да се преземе одговорност ќе има огромна штета за ДУИ на локалните избори.

Истото крило во ДУИ кое се противи владата да го штити Филипче бара целата одговорност да ја преземат луѓето кои ги правеле, организирале и спровеле тендерот за набавка на Ковид болниците каде што според ова крило функционерите на ДУИ биле само набљудувачи.

Една од можните варијанти е и двете страни без многу помпа во јавноста унилатерално да запрат со обвинувањата за другите и така да се смират страстите.

На прашање кој ќе има поголема штета ако конфликтот меѓу СДСМ и ДУИ се продлабочи пред избори, извор во ДУИ вели:

“Ќе загубиме и ние некоја општина но без нас на локалните Заев и СДСМ дефинитивно може да се збогуваат со Скопје, Битола, Охрид, Бутел, Гази Баба, и повеќе други важни општини каде ДУИ има силни упоришта. Размислете сами кој бара да се спушти топката за Тетово”.

Најчитано

Дали од втор пат се станува криминалец

Венко не чека прв пат милост од брат му на Вице Н – пишува Горан Момироски