СДСМ и ДУИ преку МВР продолжуваат со прогон на Македонци за знамето со ,,Сонцето од Кутлеш”

Иако со закон или друг правен акт никаде не е забрането негово истакнување, СДСМ и ДУИ преку полицискиот апарат продолжуваат со прогон на граѓани за користење на знамето со ,,Сонцето од Кутлеш”.

Преку МВР на Оливер Спасовски структури на СДСМ и ДУИ прогонуваат граѓани кои го истакнале знамето со сонцето со 16 краци кое се смета за македонски етнички симбол и беше официјално државно знаме до 1995 година.

Цели 6 месеци откако Охриѓанец го истакнал знамето со сонцето од Кутлеш СВР Охрид поднесол пријава до граѓанинот и го кани на суд.

Полициски службеник со пријавата гони граѓанин на Охрид за истакнување на знамето кое според него не е законски да се вее.

Прогонот кон граѓанинот формално го одобрува кадар на Оливер Спасовски, командир на Полициска станица Охрид.

Прогонот од кадрите на СДСМ и ДУИ во охридската полиција се случува иако пред охридскиот суд за исто дело веќе се води постапка против адвокатот Тони Менкиноски.

На три досегашни рочишта досега на ова судење не доаѓаат полициските службеници кои го почнале прогонот на македонскиот активист за човекови права.

Вообичаено ако тие што ја поднесле пријавата не се појават пред судот за да го одбранат поднесокот судењето мора да прекине веднаш но најверојатно поради политички притисок судечкиот судија не смее да го запре прогонот против Менкиноски.

Новопрогонетиот за Сонцето од Кутлеш треба да се појави пред судот на крајот на Јануари.