СДСМ и ДУИ ги згрижуваат разрешените членови на ДИК кои ги откри Бејли

Најмалку тројца екс членови на ДИК кои беа разрешени откако американскиот амбасадор Бејли откри дека сами си доделиле 6 месечни екстра плати како бонус, се згрижени од СДСМ и ДУИ и тие не остануваат без приходи иако јавноста очекуваше тие да бидат казнети за своите постапки.

Наместо казна тројца од нив се наградени а уште еден чека нова функција.

Освен поранешната судијка Виолета Дума, која беше разрешена од ДИК а која се скрасила во кабинетот на премиерот, и Субхи Јакупи од ДУИ и Игор Милев од СДСМ добиле високи функции објави „Макфакс“ од каде тврдат дека уште еден разрешен член на ДИК ќе биде наскоро награден со функција.

Каде и што работат Дума, Јакупи и Милев во информацијата на Макфакс.